Во активностите согласно дејностa на основните училишта со ресурсен центар во делот на пружање ресурсни услуги во заедницата, се вклучија стручни соработници-специјални едукатори и рехабилитатори и стручни соработници -образовни ассистенти.
Методологијата беше базирана на теоретски часови и практична вежби на таблети и паметни телефони. Курсот имаше свое мото РАЗБИВАЊЕ НА МОНОТОНИЈАТА ВО НАСТАВАТА ПРЕКУ ИНТЕРЕСНИ НАСЛОВИ, КРЕАТИВНИ НАЧИНИ НА УЧЕЊЕ НА НОВИ РАБОТИ, АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА СИТЕ УЧЕНИЦИ. Сите апликации можат да се превземат од Google Play и App Store.
Овој курс беше организиран во рамки на проектот „Креативни и иновативни решенија во едукацијата на ученици со посебни потреби“ финансиран од Националната агенција за европски образовни програми Еразмус+ во делот на учење преку индивидуални мобилности.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.