Почитувани,
Со задоволство ве информираме дека од печат излезе збирка од литературни творби
,,Направи со мене а не за мене”
Издавач на збирката е Основното училиште со ресурсен центар ,,Иднина”- Скопје.
Збирката содржи творби од ученици врсници кои имале контакт со ученици кои имаат потешкотии во учењето. Творбите се ученици од општинските основни училишта од општина Центар, Бутел, Чаир, Гази Баба, Куманово, Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Липково, Арачиново, Шуто Оризари, Петровец, Илинден и Чучер Сандево.
Освен од образовниот, во творбите се споделени и искуства од воннаставни активности, активности од секојдневниот живот (игри во парк, прослави на роденден, дополнителни часови по англиски јазик, компјутери, танцување и слично).
Промоцијата на збирката ќе биде оддржана на 16ти Ноември(вторник) 2021 година во Даут пашин-амам од 11.00 до 12.00 часот.
Оваа збирка од литературни творби е производ од проектните активности од истоимениот проект кој е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.