На една недела пред крајот на конкурсот....

На една недела пред крајот на конкурсот за прибирање литературни творби од ученици, сакаме да изразиме задоволство и благодарност до сите општински основни училишта кои несебично се вклучија во нашите активности насочени кон подобрување на условите за инклузивно образование особено во делот на врсничка соработка.
Со нивната поддршка беа реализирани работилници на кои заинтересираните ученици за пишување литературни творби беа дополнително запознаени со карактеристиките на учениците кои имаат специфично однесување и потешкотии во учењето, но и за начинот на кој би можеле да комуницираат со оваа група ученици.
На работилниците учествуваа повеќе од 250 ученици кои заедно со своите наставници-ментори активно се вклучија во дискусијата и несебично споделуваа искуства за поддршката која ја имаат учениците со потешкотии.
Интересно беше што учениците освен во образовниот, споделија искуства и од воннаставните активности но и во активности од секојдневниот живот (игри во парк, прослави на роденден, дополнителни часови по англиски јазик, компјутери, танцување и слично).
Со почит,
Тим за соработка со редовни воспитно-образовни установи 

Галерија