Почитувани,
Ве покануваме да учествувате на нашиот јавен настан "ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ" во периодот од 23.12.2020 до 30.12.2020 година. Посебното основно училиште "Иднина" – Скопје изминатите години овој настан го организираше секоја последна недела во месецот, во централниот објект на институцијата, преку работилници на различни теми наменети за родители, воспитувачи, наставници и соработници. И покрај рестриктивните превентивни мерки за заштита од Ковид -19, продолжуваме со реализација на отворените денови во поинаква форма. Во периодот од 23ти до 30ти декември, ќе бидете во можност да поставите прашања за кои имате дилема а се во насока на поддршка на учениците кои манифестираат потешкотии во следење на наставниот процес.
Досегашното искуство покажа дека учениците кои манифестираат потешкотии во следење на образовниот процес имаат дополнителна поддршка со употреба на принципи од специфични методи, техники и пристапи па поради тоа Ви нудиме теми на кои би можеле да размислувате.
- Пристапи за комуникација кај ученици кои немаат развиено говор Музикотерапија како поддршка за ученици кои имаат тешкотии во вниманието
- Како да препознаеме дали детето има тешкотии во сензорното процесирање
- Примена на сензорна стимулација во едукација на деца со хиперактивно однесување
- Развој на фината моторика како предуслов за пишување
- Пристапи за развој на самостојноста кај учениците преку
- Монтесори педагогијата
- Релаксација со вежби за дишење и ароматични етерични масла
- Изразување чувства и внатрешни конфликти со цртеж или слика
Темите се дел од специфичните методи кои ги користиме во нашето училиште.
Целите на овие методи може да ги погледнете на линкот.
Вашите прашања и коментари може да ги поставите преку контакт формата достапна со притискање на линкот подолу, најдоца до 30.12.2020 и истите ќе бидат јавно одговорени на нашата веб страна.
Поставете прашање