Почитувани ученици и родители,
Се ближи крајот на учебната година за учениците од деветто одделене, па често се поставува дилемата каде понатаму?!
Согласно Програмата за професионален развој на учениците во Посебното основно училиште “Иднина” – Скопје во тековниот период следи третата фаза од реализација на програмските содржини, односно
- Посета на работни организации
- Разгледување на конкурост за упис во средно училиште
- Разговори со родители
- Посета на средни училишта од поблискиот регион
Согласно состојбата во која се наоѓа нашата држава, третата фаза од нашата Програма ќе биде реализирана на малку поинаков начин.
Посетата на работните организации и средни училишта се од
особена важност за нашите ученици бидејќи таму конкретно се запознаваат со професиите во кои можат да се вклучат. Оваа учебна година нешто повеќе за професиите нашите ученици ќе научат преку подготвени
едукативни видеа. Во периодот од 26.05 до 05.06.2020 година едукативните видеа ќе бидат достапни за учениците. Видеата содржат повеќе информации за дел од професиите, одговорностите и работните задачи за професијата, материјалите за работа како и краток опис на работните организации.
Изборот за содржината на едукативните видеа се е всушност резултат на успехот на учениците од нивното запишување до завршување, нивните интереси и желби како и општите психофизички способности.
Промотивните материјали за упис на ученици во средно образование за следната учебна 2020/2021 година кои пристигнаа до нашето училиште се поставени на нашата
web страна се со цел учениците и родителите да се запознаат со образовните профили и струки, како и програмските цели и можностите коишто ги нудат училиштата на идните средношколци.
Индивидуалните и групни дискусии со родителите ќе бидат реализирани online, преку средства за електронска комуникација без физичко присуство.
Би сакале ова да биде и повик и охрабрување до останатите средни училишта да достават брошури/флаери во електронска форма кои ќе бидат споделени со родителите.
Вработените во ПОУ “Иднина” – Скопје, се отворени за секаков вид соработка.
Со почит,
ПОУ „Иднина“ - Скопје
Линкови на средни училишта со промотивни материјали:
ДСУ за рехабилитација и образование Св. Наум Охридски - Скопје