Врз основа на членовите 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 183/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), член 19 став (7) и член 88 од Закон за основното образование („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.161/19 и 229/20,3/25 и 74/5,250/25 и 111/26) и од Правилникот за начинот на побарување на образовен асистент и начинот на селекција и избор на образовен асистент Службен весник на РСМ, бр. 142 од 15.7.2025година и одобрените согласности за вработување на определено работно време за учебната 2026/2027 година од Министерството за образование и наука со арх.бр. 12-11090/4 од 10.09.2026 година и 12-8053/4 од 07.09.2026 година и одлуката на директорот со арх бр. 02-1387 од 09.09.2026 година, Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување во ОУРЦ „Иднина“- Скопје
Се објавува јавен оглас за вработување на 127 (сто дваесет и седум) образовни асистенти на определено работно време за учебната 2026/2027 година, за работа со ученици со попречености во основните училишта во следниве општини: Центар, Чаир, Гази Баба, Бутел, Шуто Оризари, Петровец, Арачиново, Чучер Сандево, Зелениково, Илинден, Липково, Куманово, на следниве работни места:
1. Образовен асистент– во одделенска/предметна настава – 82 (осумдесет и два) извршители на македонски наставен јазик.
2. Образовен асистент– во одделенска/предметна настава - 45 (четириесет и пет) извршители на албански наставен јазик.
3. Специјален едукатор и рехабилитатор -стручен соработник во основно училиште со ресурсен центар на определено работно време (замена за директор) со фонд од 40 работни часа неделно -1 (еден) извршител
4. Наставник - Специјален едукатор и рехабилитатор во одделенска настава во основно училиште со ресурсен центар на определено работно време со фонд од 20 наставни часа неделно -1 (еден) извршител
5. Наставник - Специјален едукатор и рехабилитатор во одделенска настава во основно училиште со ресурсен центар,на албански наставен јазик со фонд од 20 наставни часа неделно -1 (еден ) извршител на определено работно време (замена за породилно боледување)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве:
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена состојба за работното место;
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
- да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителското право;
- со правосилна пресуда да не е осуден за кривично дело со казна затвор над шест месеци;
- да не е член на потесното семејство на лицето на кое би му пружало образовна асистенција.
За кандидатите за работно место под реден број 1(еден) и 2(два)
Посебни услови:
Завршено образование за:
Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, семејнолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, социолог, (со завршено образование VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС), како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС), како и лице наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС).
Доколку на јавниот оглас не се јави лице со погоре именуваните звања, може да се вработи лице кое се стекнало со најмалку високо образование со траење од четири години, односно (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС).
Општи работни компетенции на образовните асистенти:
- поддршка на учениците со попреченост;
- соработка со наставниците;
- соработка со родителите/старателите;
- соработка со стручните работници и инклузивниот тим на ученикот;
- соработка со зедницата;
- комуникација и
- остварување резултати.
Распоред на работно време:
- Работни денови понеделник-петок;
- Работно време 8 часови дневно;
- Работни часови неделно 40,
- Основен надоместок на образовниот асистент: 39.800,00 денари;
- Времетраењето на работниот однос за кој се ангажира образовниот асистент е за учебната 2026/2027година.
Потребни документи за пријавување:
- Барање/Молба;
- CV/Кратка биографија;
- Мотивационо писмо за интересот за работното место образовен асистент;
- Диплома/уверение за завршено соодветно образование;
- Уверение за државјанство;
- Извод од матична книга на родени;
- Потврда од суд за неосудуваност не постара од 6 (шест) месеци;
- Потврда од суд дека не му е одземено родителско право.
- Лекарско уверение за здравствена способност за работа, издадено од овластена здравствена установа која врши дејност медицина на трудот согласно закон, не постаро од една година од денот на објавување на јавниот оглас
- Потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност не постара од 6 (шест) месеци;
За кандидатите со реден број 3,4,5 треба да ги исполнуваат следниве:
Посебни услови:
Завршено образование за:
диплома за завршено соодветно високо образование, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на Филозофскиот факултет – Институт за дефектологија,Специјална едукација и рехабилитација
Потребни документи за пријавување:
- Барање/Молба;
- CV/Кратка биографија;
- Мотивационо писмо за интересот за работното место
- Диплома/уверение за завршено соодветно образование;
- Уверение за државјанство;
- Извод од матична книга на родени;
- Потврда од суд за неосудуваност не постара од 6 (шест) месеци;
- Потврда од суд дека не му е одземено родителско право.
- Лекарско уверение не постаро од една година.
- Потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност не постара од 6 (шест) месеци;
Документите се доставуваат во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на повикот во дневниот печат во затворен плик, лично во архивата на Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ (нов објект), Скопје на ул. Васил Ѓоргов 47А од од 08:00 до 14:00 часот или по препорачана пошта, брза пошта на адреса: Васил Ѓоргов 47А, Центар, Скопје, со назнака „Јавен оглас за образовен асистент“ и „Јавен оглас за специјален едукатор и рехабилитатор„
Документите се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.
Изборот на кандидатите за образовен асистент го врши комисија формирана од директорот на основното училиште со ресурсен центар.
Во селекцијата за избор, по заврешената административна проверка, комисијата врши интервју со кандидатите за образовен асистент.
Избраните кандидати – образовни асистенти ќе добијат соодветна обука од соодветни обучени тренери. Некомплетната и неневремено доставена документација нема да се разгледува.
НАПОМЕНА: работодавачот го задржува правото на промена на бројот на извршители на работните места во зависност од потребите.
Основно училиште со ресурсен центар„Иднина“, Скопје