4Cs – Communication, Collaboration, Creativity & Critical Thinking

Основната цел на учеството на курсот  „4Cs – Communication, Collaboration, Creativity & Critical Thinking“ беше стекнување современи знаења и практични методи за развивање на комуникацијата, соработката, креативноста и критичкото размислување како клучни компетенции на 21 век.
Курсот беше реализиран преку интерактивни работилници, студии на случај, групна работа и размена на добри практики во меѓународна средина.
 Комуникација,  соработка, креативност, критичко размислување, активно учење и инклузивни практики беа клучни теми кои се обработуваа за време на сесиите.

Специјалните едукатори, Ангела Ивановска, Ментор Сулејмани, Ирена Наумовска и Анета Бичковска, вработени во ОУРЦ „Иднина“-Скопје имаа можност да ги унапредат своите  вештини за примена на современи наставни методи, тимска работа, проектно учење, ефективна комуникација и поттикнување активно учество на учениците.
Стекнатите знаења ќе се применуваат преку кооперативно учење, активности за критичко размислување, креативни проекти и подобрување на инклузивната практика.
Во наредниот период резултатите ќе бидат споделени преку презентации, интерни обуки, веб-страницата и социјалните медиуми на училиштето.
Зајакнување на европската димензија во образованието на учениците со посебни образовни потреби со фокус на квалитетна, инклузивна и современа настава е основниот мотив кој е двигател на желбата за професионален развој на вработениот кадар во училиштето.

Галерија