„Facing Diversity: Inclusive education strategies for students with fewer opportunities“

Во периодот од 01.06-05.06.2026година дел од колективот на ОУРЦ „Иднина“-Скопје учествуваа на курс на тема Facing Diversity: Inclusive education strategies for students with fewer opportunities. Општа цел на курсот беше развивање на компетенции за создавање инклузивна, интеркултурна и поддржувачка образовна средина за сите ученици.

Во текот на курсот обработени се теми поврзани со културната разновидност, интеркултурната комуникација и нивната поврзаност со инклузивното образование со акцент на глобалната определба за универзален дизајн во образованието. На тој начин образованието е достапно за сите, без разлика на социјалните, културните, етничките или индивидуалните карактеристики на учениците. Преку анализи и дискусии беа разгледани разликите помеѓу мултикултурното и интеркултурното образование и нивното значење во современите училишта.

Програмата на курсот им овозможи на учениците подлабоко разбирање на концептите на исклучување и вклучување, како и на принципите, целите и вредностите на инклузивното образование. Беше потенцирана улогата на наставникот и соработката со стручните соработници како промотори на инклузијата, кои преку својата работа создаваат услови за еднаков пристап до образованието и активно учество на сите ученици.

Во рамките на програмата беа разгледани законските рамки и европските политики поврзани со учениците со помалку можности. Учесниците се запознаа со карактеристиките, потребите и предизвиците со кои се соочуваат овие ученици, како и со различните модели на поддршка и превенција. Посебно внимание беше посветено на разликите помеѓу сегрегацијата, интеграцијата и инклузијата, како и на современите пристапи во дебатата помеѓу инклузивното и посебното образование.

Значаен дел од курсот беше посветен на научно заснованите практики за инклузивно образование. Беа претставени основните елементи на инклузивните училишта, потребните реформи во наставните програми и стратегии за создавање позитивна и прифатлива средина за учење. Се анализираа фактори и форми на справување со стереотипните закани, Пигмалион ефектот и теоријата на акултурација и нивното влијание врз успехот и мотивацијата на учениците.

Преку практични активности, работилници и групна работа се истражуваше вредноста на инклузивното образование за учениците, наставниците и целата училишна заедница. Особено корисни беа методите како социјален театар, „жива библиотека“ и импровизација, кои можат да се користат како алатки за развивање емпатија, толеранција и меѓусебно разбирање.

Курсот понуди конкретни модели за зголемување на ангажираноста на учениците и развивање инклузивни образовни практики кои го подобруваат капацитетот на училиштето да одговори на потребите на сите ученици. Дополнително беа претставени стратегии за поттикнување на социјалната инклузија преку формално, неформално и информално учење, како и начини за активно вклучување на учениците кои се изложени на ризик од исклучување.

Во завршниот дел од курсот беа обработени техники за поддршка на социјалната инклузија и управување со конфликти во училницата. Се дискутираше за различни стилови на управување со конфликти и нивната примена во создавање безбедна, позитивна и инклузивна училишна клима.

Стекнатите знаења и вештини ќе бидат применети во секојдневната образовна практика преку развивање инклузивни наставни активности, унапредување на интеркултурните компетенции кај учениците и наставниците и создавање училишна средина во која секој ученик ќе се чувствува прифатен, почитуван и поддржан. Учество на овој курс значително придонесе за професионалниот развој и зајакнување на капацитетите за имплементација на европските вредности за еднаквост, различност и инклузија во образованието.

Цели на курсот

Курсот беше насочен кон развивање на професионални компетенции за унапредување на инклузивното образование и ефективна работа во мултикултурни средини. Во текот на обуката учесниците стекнаа знаења и практични вештини за препознавање и надминување на предизвиците поврзани со социјалната исклученост и маргинализацијата на учениците со помалку можности.

Главните цели на курсот беа развивање на јасно разбирање на концептите на инклузија и исклучување, унапредување на способностите за решавање на инклузивни предизвици во мултикултурни училници, како и стекнување стратегии за обезбедување еднаков пристап до формално и неформално образование за сите ученици.

Особено внимание беше посветено на развивање на мотивацијата и компетенциите на наставниците за работа со ученици од ранливи категории, планирање и дизајнирање инклузивни средини за учење, изработка на индивидуализирани образовни планови и користење соодветни наставни и поддржувачки ресурси.

Дополнително, учесниците се запознаа со нови неформални образовни активности, техники за медијација и преговарање, како и стратегии за поттикнување на социјалната инклузија и активно учество на сите ученици во училишниот живот. Курсот овозможи и размена на искуства и добри практики меѓу учесници од различни земји, што придонесе за пошироко разбирање на различните аспекти на инклузијата и интеркултурниот дијалог.

Методологија на работа и евалуација

Обуката се реализираше преку комбинација на формално, неформално и информално учење, при што се поттикнуваше активно учество, соработка и размена на искуства помеѓу сите учесници. Методологијата беше практично ориентирана и заснована на принципот „учење преку работа и искуство“, со акцент на активна вклученост наместо пасивно следење на теоретски содржини.

Во текот на курсот беа применети различни методи и техники на работа, вклучувајќи предавања, интерактивни работилници, студии на случај, симулации, играње улоги, групна работа, тимски активности, фокус групи и посети на институции и центри кои применуваат инклузивни практики. Посебно значење имаа практичните активности преку кои учесниците анализираа реални ситуации и предлагаа решенија за подобрување на инклузијата во образовниот процес.

Евалуацијата на напредокот се одвиваше континуирано преку саморефлексија, индивидуални и групни проценки, дискусии и секојдневна повратна информација. Ваквиот пристап овозможи следење на постигнатите резултати и подобро разбирање на стекнатите знаења и вештини.

Материјали, дигитални алатки и ресурси

За време на курсот беа користени разновидни образовни материјали и ресурси кои го поддржуваа процесот на учење. Учесниците добија печатени материјали, водичи, работни листови и други ресурси потребни за реализација на активностите.

Покрај тоа, беа обезбедени и дигитални ресурси во електронска форма, вклучувајќи презентации, шаблони, наставни материјали и дополнителни извори за самостојно учење. Користењето на дигитални алатки овозможи полесна комуникација, соработка и споделување на материјали помеѓу учесниците.

Стекнатите материјали и ресурси претставуваат значајна поддршка за понатамошна примена на инклузивните практики во наставата и ќе бидат користени при планирање и реализација на активности насочени кон создавање поддржувачка и инклузивна училишна средина.

 

Галерија