Во периодот од 18 до 22 мај 2026 година, шест специјални едукатори и рехабилитатори од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“-Скопје реализираа job shadowing мобилност во
Padise Lasteaed во Падисе, Естонија, во рамки на Erasmus+ програмата.
Мобилноста имаше за цел унапредување на професионалните компетенции во областа на инклузивно образование, подготовка на децата од предучилишна возраст за основно образование, како и размена на добри практики во работа со деца со посебни образовни потреби.
2. Цели на мобилноста
Следење на модели на вклучување на децата со развојни нарушувања во системот на основно образование
Модели на рана интервенција
Развивање на вештини за индивидуализирана поддршка на децата со развојни нарушувања
Запознавање со мултидисциплинарна соработка
Размена на иновативни методи и практики
3. Реализирани активности
Padise Lasteaed е предучилишна установа во Естонија, во областа Падисе која промовира инклузија, одржлив развој и учење базирано на искуство. Во установата се работи со деца од рана и предучилишна возраст се спроведува инклузивен пристап, се користи мултидисциплинарен тимски модел се применува учење преку игра и учење во природа и родителите активно се вклучуваат во процесот. За време на мобилноста од страна на институцијата домаќин, по претходно утврдена агенда, беа реализирани низа активности:
- секојдневно набљудување на воспитно-образовни активности во Padise Lasteaed
- учество во индивидуална поддршка на деца
- следење на работа на стручни тимови
- состаноци со воспитувачи и специјални едукатори од Padise Lasteaed, Padise Põhikool, Lustipesa Kindergarten и Laulasmaa Kindergarten
- анализа на методи за визуелна и структурирана поддршка
- дискусии за соработка со родители
- водење педагошка документација
- посета на културни знаменитости
4. Добри практики
- силна инклузивна култура
- мултидисциплинарен пристап во секојдневната работа
- визуелни распореди и комуникациски алатки
- учење преку игра и природа
- висока вклученост на семејствата
- индивидуализиран пристап кон секое дете
- дигитализирана педагошка документација преку ELLIS (friendly early childhood education software)
- Green School (Roheline Kool) пристап - во градинката се применува Green School / Eco-Schools пристап, кој е интегриран во секојдневната работа преку:
- рециклирање и одржливо користење ресурси
- активности на отворено (outdoor learning)
- развивање еколошка свест кај децата
- грижа за природата преку практични активности
- интегрирање на екологија во сите образовни активности
Добрите практики за време на мобилноста кај учесниците придонесоа за:
- унапредување на знаењата за инклузивно предучилишно образование
- развој на вештини за индивидуализирана поддршка, преку употреба на методи и техники за деца со развојни нарушувања
- запознавање со мултидисциплинарна работа
- примена на визуелни и структурирани методи
- стекнување знаења за Green School пристап
- зајакнување на способноста за анализа и набљудување
- унапредување на инклузивната практика
- развој на активности базирани на искуство
- нови информации за начинот на зајакнување на соработка со родители и заедница
5.Очекувани резултати
- организирање активности базирани на искуство кај децата
- интегрирање на еко проекти и активности по приимерот на
Green School
- дисеминација на активности и информации во предучилишните установи за кои ОУРЦ „Иднина“-Скопје
- обезбедува поддршка во делот на вклучување на децата со развојни нарушувања
- подобрување на соработката со родители
- интеграција на нови методи во секојдневна пракса
6. Заклучок
Job shadowing мобилноста во Padise Lasteaed претставува значаен придонес за професионален развој на учесниците и унапредување на инклузивните практики во Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“.
Искуствата стекнати во текот на job shadowing мобилноста во Padise Lasteaed, особено во делот на
Green School (Roheline Kool / Eco-Schools) пристапот, имаат значајно влијание врз понатамошниот развој на ООУ со ресурсен центар „Иднина“.
Забележаните практики за учење преку природа, еколошко образование, рециклирање, намалување на отпад и развивање на одржливи навики кај децата претставуваат модел кој е целосно усогласен со современите образовни политики поддржани од Република Северна Македонија. Активностите ја нагласуваат важноста на климатското и еколошкото образование уште од рана возраст, како и учењето преку искуство и активна вклученост на децата.
Ова усогласување отвора можност за развој на интегриран пристап во училиштето кој ќе ги поврзе:
- инклузивното образование
- раната интервенција
- учењето базирано на искуство
- и еколошката едукација
Во контекст на ООУ со ресурсен центар „Иднина“, ваквиот пристап е особено значаен бидејќи овозможува
еднакво учество на сите деца, вклучително и ученици со посебни образовни потреби, преку практични, визуелни и мултисензорни активности.
Како резултат на мобилноста, училиштето планира:
- развивање на e-twining проекти со Padise Lasteaed,
- постепено интегрирање на „Green School“ елементи во секојдневната работа
- развивање на инклузивни еко-активности во училница и надвор од неа
- зајакнување на соработката со родители и локална заедница во еколошки иницијативи
- зглемување на бројот на активности каде природата ќе се користи како училница
Овој пристап придонесува кон создавање на модерна, инклузивна и одржлива образовна средина, во која децата не само што учат за животната средина, туку активно учествуваат во нејзината заштита.