Врз основа на член 17 став (3), член 60, член 113 и член 126 став (1) алинеја 1 од Законот за основно образование ("Службен весник на РСМ" бр. 161/2019, 229/2020, 32/2023, 156/2023 и 01/2025), директорот на ОУРЦ "Иднина" - Скопје, донесе одлука за вршење упис на ученици во прво одделение за учебната 2026/2027 година.
Уписот ќе се спроведе во периодот од 1 мај до 31 мај 2026 година.
Право на упис имаат деца кои до 31 декември 2026 година ќе наполнат шест години.
Уписот на ученици со попреченост се врши врз основа на документација од спроведена проценка опреку системот за проценка согласно МКФ, со препорака за модифицирана програма.
За упис на учениците родителите/старателите се должни да достават:
- Извод од матична книга на родени
- Потврда за извршен систематски преглед (потврда д примени задолжителни вакцини)
- Потврда за извршен стоматолошки преглед
- Потврда за извршен офталмолошки преглед
- Документација од спроведена проценка опреку системот за проценка согласно МКФ, со препорака за модифицирана програма
- Решение или акт од надлежна установа (доколку постои).
За спроведување на постапката за упис формирана е Комисија за упис на ученици во прво одделение за учебната 2026/2027 година
- Наташа Петровиќ-психолог
- Бранкица Дуковски-социјален работник
- Сашо Митев-логопед
- Анкица Стрезовска-специјален едукатор и рехабилитатор
Оваа година во текот на уписот планирани се и информтивни сесии преку кои на заинтересираните родители/старатели ќе им биде презентирана целокупната работа на училиштето.
За дополнителни информации
+389 71 23 98 45
ourcidnina@gmail.com
idnina2008@yahoo.com