22 Април - одбележан денот на единствениот дом на сите живи суштества, Денот на планетата Земја

 22 Април е Меѓународниот ден на планетата Земја. Се одбележува  со цел подигање на свеста за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.
Оваа година во Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“-Скопје, Денот на планетата Земја беше одбележан со нов предизвик.  Да се спојат долгогодишното искуството од стручниот соработник-специјален едукатор и рехабилитатор Соња Божиновска,  и ентузијазмот и желбата за учење на група стручни соработници образовни асистенти.
Резултатот беше неколку часовна работилница на која беа презентирани 4 теми, важни за заштита на животната средина и намалување на загадувањето  од мултимедијалната едукативна алатка Зелен ПАКЕТ ЈУНИОР. 
Зелен пакет јуниор е мултимедијална едукативна алатка со 12 теми, која започна да се имплементира во 2011 во основните училишта наменета за учениците од прво до петто одделение за основните начела на одржливиот развој, заштитата на животната средина во Република Северна Македонија. Оваа алатка не е само книга, туку комбинација од различни наствни ресурси како: прирачник за наставници, интерактивни активности и игри, прашања и задачи за учениците, илустрации, сценарија за часови и дигитални/аудио-визуелни материјали. Се користи како помошно средство за настава, а не дирекно и самостојно од учениците.  
Структура на алатката
Алатката опфаќа 12 тематски области и секоја тема содржи игри, активности и прашања прилагодени за учениците. 
Цел на алатката
-развивање еколошка свест и одговорност
- учење преку игра и активно учество
- поттикнување на одржлив начин на размислување
- поврзување на училиштето со реални еколошки проблеми
- поддршка за наставниците при обработка на теми поврзани со животната средина
Како се користи во пракса
Наставникот-избира тема, користи готови сценарија за час, вклучува ученици во дискусии, игри, истражувања, поврзува со секојдневниот живот. Може да се применува по предметот природни науки, одделенски час, животни вештини, проектни активности.
Заклучокот од работилницата беше дека ова не е обичен учебник, ова е алатка за интерактивно учење-учениците не само што слушаат, туку учат преку искуства и дека во голема мера ќе им помогне на асистентите во поддршка за наставниците и учениците при обработка на теми поврзани со животната средина.


 

Галерија