Библиотеката при ОУРЦ „Иднина“-Скопје, го доби признанието за „Библиотека на годината“ за 2025 година, во категоријата на основни училишта.
Ова е втор пат нашата библиотека да го добие ова престижно признание.
Одлука за доделување на ова признание е донесена од страна на Комисијата за доделување на признанието според насоките на Правилникот за доделување на признанието „Библиотека на годината“ и следејќи ги Критериумите за вреднување / проценување на посебноста за доделување на признанието „Библиотека на годината“.
Одлуката е донесена по разгледување на материјалите доставени со пријавите на објавениот јавен повик, врз основа на исполнувањето на критериумите на највисоко ниво. Признанија беа доделени и на:

ЈОУ Библиотека „Феткин“ – Кавадарци (категорија: јавни библиотеки)

Библиотеката при ОУРЦ „Иднина“ – Скопје (категорија: основни училишта)

Библиотеката Халкбанк при Меѓународниот балкански универзитет – Скопје (категорија: високошколски библиотеки)
Признанието беше доделено на настан со пригодна програма за одбележување на 8 Декември, Св. Климент Охридски, патронот на "Национална и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Скопје.
Училишната библиотека при Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ функционира од почетокот на основањето на училиштето во 1971 година. Поради специфичната дејност на училиштето, библиотеката со текот на годините е опремувана, покрај со лектирни изданија и дела од македонската и светската книжевност, и со списанија и стручни трудови и дела од областа на специјалната едукација и рехабилитација.
Библиотеката во основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ е интегрален дел од воспитно-образовниот процес во училиштето насочен кон едукација на ученици со пречки во развојот. Освен како подршка на учениците и наставниците во нивната работа на наставните часови, библиотеката е отворена и за родителите на учениците кои се најчесто нивна придружба во училиштето.
Просторијата наменета за библиотека во училиштето е пријатна просторија, уредена според потребите на децата – сликовници, звучни сликовници, сликовници со меки корици поставени на ниски полици за да можат учениците сами да посегнат по нив.
Следејќи ги општетствените промени и развојот на инклузивните процеси во општетството,
библиотекарот континуирано одржува чекор со новините во примената на
инклузивен пристап во својата работа. Дејноста на библиотекарот не се одвива само во рамки на училиштето, туку сè повеќе е насочена кон создавање услови за соработка со другите јавни библиотеки во државата и воведување на учениците во светот на книгите, со што се развива љубовта кон книгите, од една страна, и нивната прифатеност во пошироки општетсвени рамки, надвор од училиштето, во институции од областа на културата. Почитувајќи ги правата на децата според Конвенцијата за правата на детето, од исклучителна важност е да им се обезбедат услови и средина каде што во ниеден момент децата не би се почувствувале отфрлено.