Врз основа на членовите 22 и 23 од Законот за работни односи (
Службен весник на РМ, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 18 година7/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), член 19 став (7) и член 88 од Закон за основното образование
(„Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.161/19 и 229/20) и од Правилникот за начинот на побарување на образовен асистент и начинот на селекција и избор на образовен асистент Службен весник на РСМ, бр. 142 од 15.7.2025година и одобрените согласности за вработување на определено работно време за учебната 2025/2026 година од Министерството за образование и наука со арх.бр. 12- 8210/2 од 13.06.2025 година, 12-8668/2 од 15.07.2025 година 12-8351/7 od 28.07.2025 година и одлуката на директорот со арх бр. 02-1382 од 15.12.2025 година, Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување во ОУРЦ „Иднина“- Скопје
Се објавува јавен оглас за вработување на
14 (четиринаесет) образовни асистенти на определено работно време за учебната 2025/2026 година, за работа со ученици со попречености во основните училишта во следниве општини: Центар, Гази Баба, Бутел, Шуто Оризари, Петровец, Арачиново, на следниве работни места:
- Образовен асистент– во одделенска/предметна настава -14 (четиринаесет ) извршители на македонски наставен јазик и 1 (еден) извршител на на албански наставен јазик. Основен надоместок 37,034,00 Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве:
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена состојба за работното место;
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
- да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителското право;
- со правосилна пресуда да не е осуден за кривично дело со казна затвор над шест месеци;
- да не е член на потесното семејство на лицето на кое би му пружало образовна асистенција.
За кандидатите за работно место под реден број 1(еден)
Посебни услови:
Завршено образование за:
Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, семејнолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, социолог, (со завршено образование VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС), како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС), како и лице наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС).
Доколку на јавниот оглас не се јави лице со погоре именуваните звања, може да се вработи лице кое се стекнало со најмалку високо образование со траење од четири години, односно (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации или најмалку 240 ЕКТС).
Општи работни компетенции на образовните асистенти:
- поддршка на учениците со попреченост;
- соработка со наставниците;
- соработка со родителите/старателите;
- соработка со стручните работници и инклузивниот тим на ученикот;
- соработка со зедницата;
- комуникација и
- остварување резултати.
Распоред на работно време:
- Работни денови понеделник-петок;
- Работно време 8 часови дневно;
- Работни часови неделно 40,
- Основен надоместок на образовниот асистент: 37,034,00 денари;
- Времетраењето на работниот однос за кој се ангажира образовниот асистент е за учебната 2025/2026година.
Потребни документи за пријавување:
- Барање/Молба;
- CV/Кратка биографија;
- Мотивационо писмо за интересот за работното место образовен асистент;
- Диплома/уверение за завршено соодветно образование;
- Уверение за државјанство;
- Извод од матична книга на родени;
- Потврда од суд за неосудуваност не постара од 6 (шест) месеци;
- Потврда од суд дека не му е одземено родителско право.
- Лекарско уверение не постаро од една година.
- Потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност не постара од 6 (шест) месеци;
Документите се доставуваат во рок од 3 (три) работни дена од денот на објавувањето на повикот во дневниот печат во затворен плик,
лично во архивата на основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ (нов објект), Скопје на ул. Васил Ѓоргов 47А од од 08:00 до 14:00 часот или по
препорачана пошта, брза пошта на адреса: Втора македонска бригада бр: 3 Чаир, Скопје, со назнака „Јавен оглас за образовен асистент“
Документите се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.
Изборот на кандидатите го врши комисија формирана од директорот на основното училиште со ресурсен центар.
Во селекцијата за избор, по заврешената административна проверка, комисијата врши интервју.
Избраните кандидати –образовни асистенти ќе добијат соодветна обука од соодветни обучени тренери.
Некомплетната и неневремено доставена документација нема да се разгледува.
НАПОМЕНА: работодавачот го задржува правото на промена на бројот на извршители на работните места во зависност од потребите.
Основно училиште со ресурсен центар„Иднина“, Скопје