ул. Васил Ѓоргов бр. 47А, Скопје, ул. Васил Ѓоргов бр. 47А, Скопје, и ул. Африм Житиа Бр. 261 Визбегово, Скопје (простории во ООУ „Визбегово“-Бутел) се новите адреси во кои ќе се реализира дејноста на Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“-Скопје.
Од денес вторник,
09.12.2025 година, во новоадаптираниот објект на ОУРЦ „Иднина“ – Скопје на улица
Васил Ѓоргов бр. 47А, Скопје ќе создаваме, ќе ги остваруваме целите и заедно ќе растеме со нашите ученици од паралелките на македонски јазик и учениците од основните општински училишта кои добиваат поддршка од специјален едукатор и рехабилитатор и/или логопед.
Во просториите на
ООУ „Визбегово“-Бутел, на ул. Африм Житиа Бр. 261 Визбегово, ќе ги остваруваме целите и заедно ќе растеме со нашите ученици од паралелките на албански јазик.
За денешната позитивна енергија придонесе и нашата Mevlude Bilaku Alili- стручен соработник образовен асистент, со нејзиниот талент и внимание кон деталите во украсувањето на новите простории.
Особена благодарност упатуваме на родителите на нашите ученици за трпението, посветеноста и разбирањето во текот на процесот на преселба.