Во изминатиот период во училиштето беа реализирани низа активности, одбележување на светскиот ден на јаболкото, работилница за правата на учениците, прошетка...
Училиштето во склоп на еден ден нуди широк дијапазон на разновидни активности од различни категории коишто се подредени на интересите на учениците, согласно нивната возраст и актуелните потреби. Од особена важност е понудените активности да бидат привлечни за повеќето ученици. Нивната привлечност зависи од тоа дали учениците ќе ги доживуваат како интересни, корисни и забавни. Некои активности треба да се разликуваат од задолжителните наставни предмети не само по темите/содржините на кои се фокусираат, туку и по севкупниот пристап во реализација на содржините. Активностите треба да им нудат на учениците конкретни искуства преку кои можат да се стекнат со компетенции во когнитивното, емоционалното, социјалното и психомоторното подрачје, во согласност со нивните развојни карактеристики, потенцијали и афинитети, да ги откријат своите „силни страни“ и вештини коишто не можат да бидат видливи на другите часови и со тоа да се афирмираат пред своите соученици.