Одбележан Светскиот ден на храната 16.10.2025

Светскиот ден на храната е меѓународен ден кој се слави секоја година во светот на 16 октомври за да го одбележи датумот на основањето на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации во 1945 година. Овој ден се одбележува од Светската програма за хранаСветската здравствена организација и Меѓународниот фонд за развој на земјоделството.  
Во нашето училиште овој ден беше одбележан со работилница на тема: "Свежа зеленчукова и овошна салата". Настанот беше одбележан со подготовка на работната маса, обработка на зеленчукот и овошјето, изготвување на салатата, декорирање и дегустација на истите, а во сето тоа активно беа вклучени учениците.

Инаку во различни земји овој ден се одбележува со низа активности од страна на министерствата, универзитетите, истражувачките агенции, меѓународните агенции и невладините организации преку конференции за печат, емитување на настани, учество на познати личности во активности за безбедноста на храната, изложби и симпозиуми. 

Галерија