Едукативно предавање во сеизмолошка опсерваторија Скопје

Земјотрес или потрес — природна појава којашто е резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на Земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата. 
Земјотресите се меѓу најнепредвидливите природни катастрофи, но можеме да преземеме важни чекори за да ги минимизираме ризиците и да се заштитиме себеси и нашите семејства. 
Посебен фокус на едукативното предавање во сеизмолошката опсерваторија Скопје беше ставен токму на правилното однесување за време на земјотрес, каде да се засолниме, како да се заштитиме и кои чекори треба да ги следиме за да останеме безбедни.
Запознавање со работата на стручњаците што ја следат сеизмичката активност, обиколка на просторните капацитети каде што се наоѓаат сензитивните апарати за мерење на земјотреси, јасна и прилагодена презентација преку која дознаа како функционираат тие уреди исто така беа дел од оваа посета реализирана со група ученици од нашето училиште на едукативното предавање кое беше реализирано на 05.06.2025 година. 
Пред учениците беше проектиран и краток документарен филм кој ја прикажува историјата на зградата, како и катастрофалниот земјторес што го погодил Скопје во 1963 година. 

Инаку, сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје е првата сеизмолошка инстуција во Република Северна Македонија. Таа е основана од Владата и Собранието на Републиката во 1957 г., во тоа време, како Сеизмолошка станица на Универзитетот во Скопје. Оваа станица е единствената сеизмолошка станица која работела во времето на скопскиот катастрофален земјотрес од 26.7.1963 г. По овој земјотрес, станицата е многу често домаќин на светски познати сеизмолози и институции, учествува во значајни национални и меѓународни научни проекти, а извршува и многу апликативни проекти при градењето на значајни објекти во Републиката. 
Оваа едукативна посета остави силен впечаток и придонесе за подигнување на свеста за важноста на безбедноста и превенцијата при природни непогоди.
Одговорни наставници, стручни соработници за реализација на активноста:
1. Наташа Колевска-наставник,специјален едукатор и рехабилитатор
2. Амра Мециновиќ Јашаревиќ-наставник, специјален едукатор и рехабилитатор
3. Павел Мирчевски-стручен соработник 
специјален едукатор и рехабилитатор
4. Катерина Димовска-
стручен соработник специјален едукатор и рехабилитатор
 

Галерија