Со особена чест и задоволство учествувавме на четвртото издание на Меѓународниот симпозиум „Теорија и пракса во инклузивното образование“, кој оваа година ја одбележува посветеност која трае повеќе од 60 години и континуираниот развој во областа на специјалната едукација.
Овој значаен настан беше организиран од:
- Советот на округот Тимиш (Timis County Council)
- Школскиот инспекторат на округот Тимиш (Timis County School Inspectorate)
- Средното специјализирано училиште за образовна интеграција „Паул Попеску-Невеану“ Тимишоара (S.C.I.E. “Paul Popescu-Neveanu” Timisoara)
во чест на посветеноста која трае повеќе од 60 години во инклузивното образование.
Нашиот тим од Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје:
👩🏫 Лорета Андреевска – директор на ОУРЦ „Иднина“
👩🏫 Татјана Митковска – специјален едукатор и рехабилитатор
👩🏫 Ивана Здјелар Арабаџиев – специјален едукатор и рехабилитатор
👩🏫 Анкица Стрезовска – специјален едукатор и рехабилитатор
го презентираше својот труд и ги сподели своите сознанија и практични искуства во рамките на презентацијата на тема: „RehaCom – когнитивна рехабилитација преку технологија во ресурсен центар“. Ова учество ни даде можност да ги презентираме нашите искуства од практичната примена на системот RehaCom во поддршката на ученици со посебни образовни потреби во нашиот Ресурсен центар. Во рамките на презентацијата, преку конкретни примери, видео-демонстрации и дискусии, беше нагласено значењето на индивидуалниот пристап, систематското следење на напредокот и поттикнувањето на самостојноста и самодовербата кај секој ученик.
💡 Соодветната примена на технологијата претставува клучен сојузник во процесот на инклузивно образование.
Нашето долгорочно учество на симпозиумот е проследено со претходни презентирани теми, меѓу кои:
- 06.06.2022: „Работата на специјалните едукатори и рехабилитатори преку услугите на Основното училиште со ресурсен центар ‘Иднина’ во процесот на имплементација на инклузивното образование“
- 18.05.2023: „Монтесори педагогија за деца со попреченост“ (второ издание)
- 30.05.2024: „Придобивките од користењето на АББА методите кај деца со аутизам“ (трето издание)
- 29-30.05.2025:„RehaCom – когнитивна рехабилитација преку технологија во ресурсен центар“. (четврто издание)
Ова континуирано учество ја потврдува нашата длабока посветеност, непрекинат труд и љубов со кои работиме, со цел да создадеме инклузивна и поддржувачка средина за секое дете, со фокус на неговиот целосен потенцијал и достоинство.
Нашиот континуиран труд и посветеност се најсилната гаранција за квалитетна поддршка и развој на секое дете со посебни образовни потреби. Горди сме што преку едукација, иновации и тимска работа ја унапредуваме инклузивната практика и ја градиме иднината на образованието засновано на еднаквост, разбирање и почит кон индивидуалноста на секој ученик.