Пролетна акција ,,Генералка викенд’’

Грижата за животната средина е начин на живот, свест за значењето на околината и желба да оставиме подобро утре за генерациите што доаѓаат. 
Да се научи да се функционира со мисла дека нешто сме затекнале, го уживаме и во најмала рака треба да го оставиме онолку убаво колку што сме го доживеале, се учи од најмала возраст.
ОУРЦ,,Иднина’’- Скопје  се вклучи во големата пролетна акција ,,Генералка викенд’’ со спроведување активности на часовите и со оджувањето на овој #екочас ја промовираше важноста на практичното образование за животната средина.

Галерија