Успешно реализирани обуки за наставници на тема: Универзален дизајн на учење

Тимот за едукација и координација при ОУРЦ „Иднина“ – Скопје, во периодот 30.04 до 07.05.2025 год. успешно реализираше 3 обуки за наставници и стручни соработници од редовните основни училишта ООУ „Стив Наумов“ – Гази Баба, ООУ „Александар Урдаревски“ – Чучер Сандево, ООУ „Кирил и Методиј“ - Кучевиште, ООУ „Н.Н.Борче“ – Гази Баба  - партнери во рамки на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“, имплементиран во партнерство со „Отворете ги прозорците“, а поддржан од Фондацијата Песталоци.
Универзалниот дизајн на учење е клучна рамка за изградба на квалитетно и правично образование за сите деца. Целта на овие активности е зајакнување на капацитетот на редовните училишта да одговорат на различностите и приближување на инклузијата до секоја училница.

Галерија