Особена чест и задоволство ни е да објавиме дека Фондацијата „Професор д-р Љупчо Ајдински" додели сертификат и парична награда за најдобар ученик/ корисник за 2024 год. на ученикот Блаже Трпковски кој посетува специјализирани услуги во ОУРЦ „Иднина“ - Скопје.
Успехот на детето често произлегува од цврста соработка помеѓу родителот, ученикот и стручните соработници. Кога сите три страни се ангажирани и комуницираат отворено, детето добива поддршка, мотивација и водство што му овозможува да напредува. Взаемната доверба и заедничката посветеност придонесуваат за создавање на позитивна и поттикнувачка средина за учење, успех и напредок.
Оваа награда е доказ дека секој од овие дечиња може, умее и знае. Успехот доаѓа кога ќе се свртиме кон способностите, не кон недостатоците.