Посета на Зоолошката градина во Скопје

Многубројни истражувања покажале дека интеракцијата меѓу децата и животните е многу корисна за психолошката, емоционалната, социјалната и физичката состојба на детето.
Во таа насока на 29 април 2025 година, со учениците од нашето училиште беше реализирана едукативна и рекреативна посета на Зоолошката градина во Скопје.
Во посетата учествуваа сите ученици и наставници од 3-то до 9-то одделение, при што на децата им беше овозможено непосредно запознавање со различни животински видови, нивната средина, начинот на исхрана и однесување. Активноста беше спроведена со цел поттикнување на љубопитноста, социјалната интеракција и развојот на сетилното доживување кај учениците.
Децата со голем интерес ги набљудуваа животните, поставуваа прашања и учествуваа во дискусии предводени од наставниците и стручниот тим. Посетата помина во пријатна атмосфера, со внимателна организација и поддршка, при што секое дете доби можност за индивидуално искуство и непосреден допир со природата.
Оваа активност претставува важен сегмент од воспитно-образовниот процес и позитивно влијае врз севкупниот развој на учениците со атипичен развој.
Наставници организатори:
1. Зоран Панчевски-наставник по физичко и здравствено образование
2. Стиф Георгиевски-
наставник по физичко и здравствено образование

Галерија