ПРВО место во категоријата-Инклузивни танцови групи

Во период од 26.04.-27.04.2025год во СЦ ,,Борис Трајковски,, се одржа првото издание на Интернационалниот танцов натпревар (Emotion dance competition) во организација на ЕУРЕКА. На натпреварот земаа учество над 200 учесници од Република Северна Македонија, како и неколку интернационални танцови групи во сите танцови категории на различни возрасти. Натпреварот беше од хуманитарен карактер, дел од средствата беа донирани за настраданите од Кочани.
Учениците од ОУРЦ ,,Иднина,,-Скопје се натпреваруваа во категоријата-Инклузивни танцови групи и освоија ПРВО место во истата. Тие настапија со кореографијата на песната ,,True colours,,-Синди Лопер.
Во настапот учествуваа:
-Александар Гроздановски
-Ндерим Саити
-Марија Сидовска
-Дамјан Герос
-Блаже Трпковски
Учениците беа наградени со медали и диплома за освоено прво место,како и пехар за целокупниот настап.
За изгледот на учесниците се погрижи-предметниот наставник по Ликовно образование Ружица Димитриевска.
За кореографијата и организацијата на учесниците беа задолжени:
1. Јана Костова-стручен соработник образовен ассистент
2. Татјана Митковска-стручен соработник,специјален едукатор и рехабилитатор
3. Милена Трајчевска-стручен соработник,специјален едукатор и рехабилитатор
4. Анета Бичковска-стручен соработник,специјален едукатор и рехабилитатор
5. Анкица Стрезовска-одделенски наставник,специјален едукатор и рехабилитатор
6. Ирена Наумовска-стручен соработник,специјален едукатор и рехабилитатор
На овој начин не' видоа, не' слушнаа и не' разбраа дека можеме ,знаеме и умееме. Покажавме дека ова не е само танц,туку срце во движење.