Почитувани родители/старатели,
Врз основа на член 17 став (3),член 60, 113, и 126 став (1) алинеја (1) од Законот за основното образование (Службен весник на РСМ, бр. 161/2019, 229/2020, 32/2023, 156/2023 и 01/2025 година) Основното училиште со ресурсен центар „Иднина" Ве известува дека во текот на месец Мај 2025 година ќе започне со запишување на ученици во прво одделение за учебната 2025/2026 година.
Право на упис имаат деца кои до 31 декември 2025 година ќе наполнат шест години.
Потребни документи за упис:
- Извод од матична книга на родени,
- Потврда за извршен систематски преглед,
- Потврда за извршен стоматолошки преглед,
- Потврда за извршен офталмолошки преглед,
- Документација од спроведена проценка преку системот за проценка согласно МКФ, со препорака за следење на модифицирана програма,
- Решение или акт од надлежна установа (доколку постои).
Уписот ќе се реализира во периодот од 1 мај до 31 мај 2025 година во просториите на ОУРЦ „Иднина“ – Скопје во периодот од 8:00 до 15:00 часот, со претходна најава на телефонските броеви подолу или електронски на и-мејл адресата на училиштето. Постапката на запишување ја спроведува Комисија за запишување ученици во прво одделение.
📍 За повеќе информации:
📞+389 71 249 481, +389 72 238 734, +389 78 223 835,
📧 idnina2008@yahoo.com
ул. Втора Македонска бригада бр. 3, Скопје
Со почит,
Комисија за запишување на ученици во прво одделение
Директор
Лорета Андреевска