Готвењето опфаќа широк обем на методи на топлинска, хемиска и физичка преработка, примена на разновидни алатки и технологии, и креативна употреба на посебни комбинации на прехранбени состојки.
Магијата на готвењето ја почувствуваа 11 ученици од ОУРЦ „Иднина“-Скопје во кабинетот за гастрономија на СУГС „Лазар Танев“-Скопје. Посетата на СУГС „Лазар Танев“-Скопје беше организирана согласно Програмата за професионална приентација на учениците во нашето училиште. Целта на посетата беше учениците да се запознаат со основните угостителски вештини и процесите на подготовка на храна во професионална средина. Исто така, настанот имаше за цел да ги поттикне нивната креативност, социјална интеракција и интересот за кулинарски вештини. Активностите започнаа со топло добредојде од страна на домаќините – наставници и ученици од СУГС „Лазар Танев“ со воведна презентација за училиштето. Во кабинетот за гастрономија, каде започна нивната практична активност. Учениците имаа можност самостојно, но под менторство и надзор на наставниците домаќини, да се вклучат во подготовка на продукти од тесто. Во текот на активностите учениците ги следеа сите фази на подготовка: замесување, обликување, декорирање и печење. Притоа, беа мотивирани да изразат своја креативност и да работат тимски. Дел од учениците, со помош и охрабрување, покажаа високо ниво на ангажираност и уживаа во самата активност, горди на своите изработени производи.
Активностите беа реализирани во позитивна и поттикнувачка атмосфера. Учениците се чувствуваа прифатени и вклучени, а искуството со подготовка на тесто им донесе особено задоволство и чувство на исполнетост. Се надеваме дека дел од учениците ќе го продолжат своето образование токму во областа од гастрономијата.
Одговорни наставници за реализација на активноста
Зоран Панчевски
Наташа Јованоска
Наташа Колевска