„Нема мали или големи делови, СЕКОЈ е важен во целината„

На 10.04.2025 година во Факултетот за ликовни уметности објект Сули ан-Скопје беше промовирана видеопрезентација на заедничка ликовна работилница помеѓу Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“-Скопје и Факлутетот за ликовни уметности-Скопје. 
Ликовната работилница беше реализирана на 27.03.2025 година во просториите на ОУРЦ „Иднина“-Скопје и истата беше дел од предвидените активности за одбележување на Денот на  училиштето. На работилницата земаа учество 25 студенти од Факултетот за ликовни уметности-Скопје и 20 ученици. Дел од учесниците се ученици во Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“-Скопје  а дел се ученици во општинските основни училишта од Скопскиот и Североисточниот регион. За време на работилницата беа создадени 19 дела под раководство на проф. д-р Фехим Хусковиќ.  Студентите и учениците на иста основа ги ставија различните гледишта, различните доживување и дадоа експресија на шарениот свет во кој секој има свое место. Секој потег со сликарската четкичка остави траг на емоциите и перцепцијата на сликарот на надворешните случувања, на надворешното опкружување и го засведочува индивидуалното доживување на колективното битисување.
Со оваа активност создадовме композиции од различности како емоција на лирското изразување на учесниците.
Продолжуваме на нашиот пат кон креирање основа за отворена композиција на различните елементи во рамки на поширокото општество.
Огромна благодарност до сите учесници во работилницата:
1. Горазд Николовски, Ања Стојадиновса, Марија Димшоска, Илјана Алексоска, Ванеса Ода, Бранко Манчев, Андреј Антевски, Габриела Живковска, Андреа Јовановиќ, Ева Милошевска, Сара Пирковска, Павел Бучковски, Ана Томовска, Христијан Петровски, Ема Теовска, Марија Нешковска, Симона Трајановиќ, Тамара Марчевска, Теона Милева, Павел Николов, Мирон Бошковски, Сафет Салиевиќ, Виктор Петрески, Вероника Цветковска, Теодор Трајков, група студенти на Факултетот за ликовни уметности.
2. Борјан Боневски, Марија Сидовска, Блаже Трпковски, Огнен Рикаловски, Никола Антиќ, Аурора Јанковица, Дамјан Герос, Александар Гроздановски, Елифе Исејни, Лука Генадиќ, Ремзије Исејни, Рамиза Исејни, Ндерим Саити, Анила Муслији, Симеон Јакимовски, Лео Неделковски, Џансу Шкодриќи, Иво Стојменовски, Тереза Митковска, Мухидин Јусуфи, група ученици.