Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје има чест и особено задоволство да Ве покани да бидете дел од одбележувањето на Денот на училиштето.
Во тек се последните подготовки за одбележување на Денот на нашето училиште преку настан насловен „Композиција“ кој ќе се одржи на 10 април 2025 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, Факултет за ликовни уметности, УКИМ-објект Сули ан.
Во рамки на настанот ќе биде претставена изложба на уметнички творби, создадени во заедничка соработка помеѓу учениците од нашето училиште и студентите од Факултетот за ликовни уметности – Скопје.
Изложбата е симбол на креативна инклузија, уметничка експресија и вредноста на соработката во образованието.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до 8 април 2025 година, на е-пошта: idnina2008@yahoo.com или на телефон: +389 71 249 481.