Во периодот од 10.02.-14.02.2025 година дел од нашиот тим учествуваше на Еразмус+ курс на тема „Справување со конфликти, превенција од булинг“. Реализатор на курсот беше idevelop. На курсот присуствуваа 12 учесници од три земји - Полска, Грција и Северна Македонија. Учесниците на курсот ги збогатија своите сознанија за примена на стратегии за справување со конфликтни ситуации и развиваа вештини за активно слушање и користење на Ненасилна комуникација (Nonviolent Communication - NVC) и Позитивна дисциплина (Positive Discipline). ОУРЦ „Иднина“ - Скопје активно работи на градење здрава училишна средина, каде што секој ученик се чувствува прифатено, разбрано и заштитено.
МЕТОДОЛОГИЈА НА КУРСОТ
Методологијата беше базирана на работа во мали групи, што придонесува за поттикнување на размислувањето и развивање нови идеи, играње улоги,анализа на случај и групна динамика, раскажување приказни и дијалог.
ОСНОВНИ ЗАДАЧИ НА КУРСОТ
Преку стекнатите знаења, вештини и искуства, учесниците на курсот ќе можат:
- да ја зголемат свесноста за нивното влијание врз социјалниот и емоционалниот развој на учениците,
- да го продлабочат разбирањето за потенцијалните проблеми и конфликти и да имплементираат поефективни решенија,
- да применуваат широк спектар на алатки насочени кон промовирање на просоцијалното однесување кај учениците,
- да истражуваат нови стратегии за вклучување на семејствата на учениците во процесот.
ЗАЕДНО СОЗДАВАМЕ УЧИЛИШТЕ БЕЗ НАСИЛСТВО!