Во организација на наставниците по физичко образование Зоран Панчевски и Стиф Георгиевски, со поддршка од предметните и одделенските наставници, беше реализиран настанот „НОВОГОДИШНО КИНО“. Настанот се одржа во Кинотека на Македонија на 18.12.2024 во периодот од 9:00 до 12:00 часот.
Оваа активност беше посветена на учениците со атипичен развој, со цел да им се овозможи дружење, забава и празнична атмосфера во пресрет на новогодишните празници. Опфатени беа сите ученици од трето до деветто одделение, кои беа пренесени и вратени со организиран превоз обезбеден од училиштето, додека дел од учениците беа придружувани од нивните родители.
Придобивки од настанот вклучуваат поттикнување на социјалната интеракција и зајакнување на пријателските врски, обезбедување на забавно и едукативно искуство во пријатна и инклузивна средина, јакнење на чувството на припадност и учество во училишните активности. Настанот беше успешно реализиран, притоа создавајќи весела и топла празнична атмосфера, која беше пречекана со радост и ентузијазам од сите учесници.
Во продолжение погледнете фотографии од веселото новогодишно кино искуство.