Врз основа на членовите 22 и 23 од Законот за работни односи (
Службен весник на РМ, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), член 19 став (7) и член 88 од Закон за основното образование
(„Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.161/19 и 229/20) и од Правилникот за начинот на побарување на образовен/личен асистент и начинот на селекција и избор на образовен/ личен асистент бр. 08-9358 /2 од 05.08.2022 година и одобрените согласности за вработување на определено работно време за учебната 2024/2025 година од Министерството за образование и наука 12-5629/4 од 30.08.2024година и одлуката на директорот со арх бр.02-895 од 03.10.2024 година, Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на определено работно време на 33 стручни соработници - приправници - образовни асистенти за ученици со попречености во основното образование
Се објавува јавен оглас за вработување на 33 стручни соработници - приправници - образовни асистенти на определено работно време за учебната 2024/2025 година, за работа со ученици со попречености во основните училишта во следниве општини: Центар, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Петровец, Зелениково, Чучер Сандево, Арачиново, Илинден, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце на следниве работни места:
Стручен соработник - приправник во основно образование:
- Образовен асистент– во одделенска/предметна настава – 33 (триесет и три) извршители на македонски наставен јазик.
Кандидатот треба да ги исполнува следниве:
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- активно да го користи македонскиот јазик;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена состојба за работното место;
- со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
- да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителското право;
- со правосилна пресуда да не е осуден за кривично дело со казна затвор над шест месеци;
- да не е член на потесното семејство на лицето на кое би му пружало образовна асистенција.
Посебни услови:
Завршено образование за:
Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено образование VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI А според МРК или 240 ЕКТС).
Општи работни компетенции на образовните асистенти:
- поддршка на учениците со попреченост;
- соработка со наставниците;
- соработка со родителите/старателите;
- соработка со стручните работници и инклузивниот тим на ученикот;
- соработка со зедницата;
- комуникација и
- остварување резултати.
Распоред на работно време:
- Работни денови понеделник-петок;
- Работно време 8 часови дневно;
- Работни часови неделно 40, од кои 20 до 30 часа во директна поддршка на ученикот и наставникот и 10 до 15 часа за подготовка и организација на сопствената работа;
- Основен надоместок на образовниот асистент: 32. 780,00 денари;
- Времетраењето на работниот однос за кој се ангажира образовниот асистент е за учебната 2024/2025 година.
Потребни документи за пријавување:
- Барање/Молба;
- CV/Кратка биографија;
- Мотивационо писмо за интересот за работното место образовен асистент;
- Диплома/уверение за завршено соодветно образование;
- Уверение за државјанство;
- Извод од матична книга на родени;
- Потврда од суд за неосудуваност не постара од 6 (шест) месеци;
- Потврда од суд дека не му е одземено родителско право.
- Лекарско уверение не постаро од една година.
- Потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност не постара од 6 (шест) месеци;
Доколку има претходно искуство со образовна асистенција на ученик во основото образование, се наведува името и презимето на ученикот и училиштето во кое што учи ученикот;
Документите се доставуваат во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на повикот во дневниот печат во затворен плик, лично во архивата на основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје од 08:00 до 15:30 часот или по препорачана пошта, брза пошта на адреса: Втора македонска бригада бр: 3 Скопје, со назнака „Јавен оглас за образовен асистент“
Документите се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.
Изборот на кандидатите го врши комисија формирана од директорот на основното училиште со ресурсен центар.
Во селекцијата за избор, по заврешената административна проверка, комисијата врши интервју.
Некомплетната и неневремено доставена документација нема да се разгледува.
Избраните кандидати ќе добијат соодветна обука пред стапување на работа од соодветнo обучени обучувачи. Со избраните кандидати ќе бидаат склучени договори за вреаботување.
НАПОМЕНА: работодавачот го задржува правото на промена на бројот на извршители на работните места во зависност од потребите.
Основно училиште со ресурсен центар„Иднина“, Скопје