Во периодот од 02.10 до 06.10. 2023 година Основното училиште со ресурсен центар беше домаќин на втората мобилност во рамки на проекто „Recycling to Art" во соработка со партнерските организации Yaşama Sevinci Özel Eğitim Meslek Okulu - Karabük / Türkiye, Karabuk University - Türkiye и Giovani Per l’Europa - Italy.
Првиот ден учесниците имаа можност да се запознаат со позитивните ефекти од процесот на рециклирање во РСМ, а останатите денови учениците имаа можност да учествуваат во 4 работилници за рециклирање кои најчесто се реализираат со нашите ученици.
На една од работилниците се работеше decoupage техниката, втората работилница беше за рециклирање на материјалите од текстил и хартија преку која беа изработени дидактички материја за драма терапија, третата работилница беше на тема отпад од метал и плетење и четвртата работилница беше за изработка на дидактички материјали за ученици со посебни потреби преку рециклирање на хартија.