На 7 декември 2022 година во Национална установа НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје на манифестација по повод одбележување на денот на македонскиот патрон „Св. Климент Охридски“ со почеток во 14.00 часот, беше доделено признанието за библиотека на годината за 2022 година, во категоријата на основни училишта.
По разгледување на приложените документи за избор на признанието „Библиотека на годината за 2022 година”, Комисијата во состав: Јана Михајловска-Иванов, Гордана Ѓоргиевска-Неделковски, Андријана Апостоловска, Елена Станкоска и Ѓултен Ајрули донесоа Одлука: Во категоријата основни училишта признанието го добива Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ – Скопје и библиотекарката Славица Тодорова; од категоријата средни училишта признанието го добива Средното училиште „Јосип Броз Тито“ – Битола и библиотекарот Драган Ристевски и во категоријата Национални установи признанието го добива НУУБ „Григор Прличев“ – Охрид, директорот Милчо Јовановски.
На манифестацијата присуствуваа Лорета Андреевска, директор на ОУРЦ „Иднина“-Скопје и м-р Славица Тодорова, библиотекар.
Честитки до сите добитници на признанието!