ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на определено работно време за учебната 2022/2023 година

Врз основа на членовите 22 и 23 од Законот за работни односи (Службен весник на РМ, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), член 19 став (7) и член 88 од Закон за основното образование („Службен весник  на Република Северна Македонија“, бр.161/19 и 229/20) и одобрените согласности за вработување на определено работно време од Министерството за образование и наука 12- 7311/2 од 03.08.2022година, и 12-8790/4 од 19.10.2022 година,12-8798/4 од 27.10.2022 година и 12-12650/2 од 01.11.2022 година Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на определено работно време за учебната 2022/2023 година
Се објавува јавен оглас за вработување на определено работно време во учебната 2022/2023 година
  1. Стручен соработник – приправник- образовен асистент  во основно образование со фонд од 40 работни  часа неделно на определено работно време–25(дваесет и пет) извршители на македонски наставен јазик во следниве општини: Центар, Гази Баба, Бутел, Чаир, Шуто Оризари, Зелениково, Петровец, Илинден, Чучер Сандево .Основен надоместок 27.500,00 ден.
  2. Стручен соработник - Специјален едукатор и рехабилитатор на македонски наставен јазик во основно училиште со ресурсен центар  со фонд од 40 работни  часа неделно на (замена за породилно отсуство) -1 (еден)  извршител  .Основен надоместок 27.500,00 ден
  3. Стручен соработник - Специјален едукатор и рехабилитатор на македонски наставен јазик во основно училиште со ресурсен центар  со фонд од 40 работни  часа неделно на определено работно време -1 (еден)  извршител  .Основен надоместок 27.500,00 ден.
Кандидатот со реден бр:(1) треба да ги исполнува следниве:
Општи услови:
  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена состојба за работното место;
  • со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
  • да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителското право;
  • со правосилна пресуда да не е осуден за кривично дело со казна затвор над шест месеци;
  • да не е член на потесното семејство на лицето на кое би му пружало образовна асистенција.
 
Посебни услови:
Завршено образование за:
Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено образование VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации  МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е. VI А според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице наставник во предметна настава (VII/1 степен т.е. VI А според МРК или 240 ЕКТС).
Општи работни компетенции на образовните асистенти:
  • поддршка на учениците со попреченост;
  • соработка со наставниците;
  • соработка со родителите/старателите;
  • соработка со стручните работници и инклузивниот тим на ученикот;
  • соработка со зедницата;
  • комуникација и
  • остварување резултати.
Распоред на работно време:
  • Работни денови понеделник-петок;
  • Работно време 8 часови дневно;
  • Работни часови неделно 40, од кои 20  до 30 часа во директна поддршка на ученикот и наставникот и 10 до 15 часа за подготовка и организација на сопствената работа;
  • Основен надоместок на образовниот асистент: 27,500,00 денари;
  • Времетраењето на работниот однос за кој се ангажира образовниот асистент е за учебната 2022/2023 година.
Потребни документи за пријавување:
  • Барање/Молба;
  • CV/Кратка биографија;
  • Мотивационо писмо за интересот за работното место образовен асистент;
  • Диплома за завршено соодветно образование;                                            
  • Уверение за државјанство;
  • Извод од матична книга на родени;
  • Потврда од суд за неосудуваност;
Доколку има претходно искуство со образовна асистенција на ученик во основото образование, се наведува името и презимето на ученикот и училиштето во коешто учи ученикот;
Кандидатите со реден број  (2 и 3) треба да ги исполнуваат следниве: 
Општи услови:
-           да е државјанин на Република Северна Македонија;
-           активно да го користи македонскиот јазик;
-           да е полнолетен;
-           да има општа здравствена состојба за работното место;
-           со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;
-           да не му е изречена привремена мерка за заштита или не му е одземено вршењето на родителското право;
-           со правосилна пресуда да не е осуден за кривично дело со казна затвор над шест месеци;
 
Посебни услови:
 
Завршено образование за:
 
Специјален едукатор и рехабилитатор , 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на Филозофски факултет.
Потребни документи за пријавување:
  • Барање/Молба;
  • CV/Кратка биографија;
  • Мотивационо писмо за интересот за работното место
  • Диплома за завршено соодветно образование;                                            
  • Уверение за државјанство;
  • Извод од матична книга на родени;
  • Потврда од суд за неосудуваност.
Документите се доставуваат во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на повикот во дневниот печат во затворен плик, лично во архивата на основното училиште со ресурсен центар „Иднина“, Скопје до 15:30  часот или по препорачана пошта, брза пошта  на адреса: Втора македонска бригада бр: 3 Скопје, со назнака „Јавен оглас“
Документите се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.
Изборот на кандидатите го врши комисија формирана од директорот на основното училиште со ресурсен центар.               
Во селекцијата за избор, по заврешената административна проверка, комисијата врши интервју.
Избраните кандидати за образовни асистенти ќе добијат соодветна обука од соодветни обучени тренери.
 
НАПОМЕНА: работодавачот го задржува правото на промена на бројот на извршители на работните места во зависност од потребите.
 
                                                                                     Основно училиште со ресурсен центар„Иднина“, Скопје