„ТАБЛЕТИ И ПАМЕТНИ ТЕЛЕФОНИ – УПОТРЕБА НА МОБИЛНИ УРЕДИ КАКО ЕДУКАТИВНИ АЛАТКИ“

Во периодот од 02-06.05.2022 година беше реализиран курс на тема ,,Таблети и паметни телефони – употреба на мобилни уреди како едукативни алатки“. Реализатор на курсот беше Teacher Academy Barcelona.
Овој курс беше организиран во рамки на проектот „Креативни и иновативни решенија во едукацијата на ученици со посебни потреби“  финансиран од Националната агенција за европски образовни програми Еразмус+ во делот на учење преку индивидуални мобилности. 
Курсот е наменет за воспитно-образовен кадар од основни училишта, основни училишта со ресурсни центри , средни училишта. Очекувано беше партиципантите да имаат Б1 познавање на Англискиот јазик. На курсот присуствуваа 13 партиципанти од три земји- Италија, Грција, Чешка, Полска и Северна Македонија.
МЕТОДОЛОГИЈА НА КУРСОТ
Методологијата беше базирана на теоретски часови и практична вежби на таблети и паметни телефони. Курсот имаше свое мото РАЗБИВАЊЕ НА МОНОТОНИЈАТА ВО НАСТАВАТА ПРЕКУ ИНТЕРЕСНИ НАСЛОВИ, КРЕАТИВНИ НАЧИНИ НА УЧЕЊЕ НА НОВИ РАБОТИ, АКТИВНО ВКЛУЧУВАЊЕ НА СИТЕ УЧЕНИЦИ. Сите апликации можат да се превземат од Google Play и App Store.
ОСНОВНИ ЗАДАЧИ НА КУРСОТ
Апликациите кои беа изучени наоѓаат широка примена во училница за:
-изработка на онлине квизови
-групна работа
-учење на далечина
-гледање и изработка на аудио и видео материјали
-онлине пребарување
Сите апликации кои беа изучени се лесни за употреба, интересни и креативни, овозможувајќи ни да ги користиме на најразлични начини во наставата со ученици со посебни образовни потреби.