Во периодот од 11.04.2022 до 15.04.2022год. беше релизиран курс на тема
,,Менаџмент на стрес и превенција од професионално согорување". Реализатор на курсот е ShipCon Limassol Ltd
Овој курс беше организиран во рамки на проектот „Креативни и иновативни решенија во едукацијата на ученици со посебни потреби“ финансиран од Националната агенција за европски образовни програми Еразмус+ во делот на учење преку индивидуални мобилности. На курсот присуствуваа 50 учесници од повеќе земји:Финска, Норвешка, Шведска, Словачка, Литванија ,Бугарија и Северна Македонија.
МЕТОДОЛОГИЈА НА КУРСОТ
Методологијата беше базирана на теоретски часови, презентации,како и дискусии и споредбени анализи на искуствата.
ГЛАВНИ ЦЕЛИ НА КУРСОТ
- Надминување на неуспехот во образованието
- Подобрување на продуктивноста на работа.
- Справувањето со стресот кој влијае на здравјето
- Важноста на преземањето на одговорноста за нечиј живот
- Научете како да се справите со стресот и да избегнете професионално согорување