Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“-Скопје и Јавната установа за деца -Детска градинка „8ми Април“ – општина Шуто Оризари реализираа првична средба за заедничка соработка.
Имајќи ги предвид материјалните, просторните и човечките ресурси во ОУРЦ „Иднина“-Скопје, средбата беше организирана од ЈОУДГ„8ми Април“ а во согласност со дејноста на основните училишта со ресурсен центар во делот на пружање ресурсни услуги во заедницата.
Со вклучување на стручни соработници од различни профили (специјален едукатор и рехабилитатор, психолог и социјален работник) ќе се овозможи непречена работа на мултидисциплинарен/инклузивен тим во состав на Советувалиштето за деца и родители кое ќе биде формирано во градинката.
Тимот во градинката во иднина ќе да подготви програма со активности кои ќе помогнат во поддршка на родителите во обезбедување на оптимални услови за развој на детето во семејна средина, разрешување комплексни воспитни, психолошки и социјални прашања, помош при премин на децата од една во друга група или од една во друга градинка и транзиција во училиште, помош на деца со развојни проблеми, помош и поддршка на деца со попречености, советување на родители на деца со попречености, семејно советување, советување од областа на социјалната работа.