На покана од организаторите Аутизам ААМК и Колектив Ветерница, 15 вработени од основното училиште со ресурсен центар „Иднина“-Скопје, беа вклучени во настан „Играме заедно“.
Настанот беше одржан на 25.09.2022 година во Градскиот парк со почеток во 11.00 часот.
Во активностите согласно дејностa на основните училишта со ресурсен центар во делот на пружање ресурсни услуги во заедницата, се вклучија стручни соработници-специјални едукатори и рехабилитатори и стручни соработници -образовни ассистенти.
Настанот беше организиран со цел зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството.
На настанот имаше разновидни активности, игри на отворено, музички и ликовни работилници.