„ТОА ШТО ДЕТЕТО МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИ ДЕНЕС СО ПОМОШ, ТОА ЌЕ МОЖЕ САМ ДА ГО НАПРАВИ ВО ИДНИНА„

Лав Виготски
 
  
Органограм на институцијатаСогласно правилникот за внатрешна организација



Училишен одбор

  • Орган на управување на основното училиште со ресурсен центар е Училишниот одбор. Претставници на училишниот одбор се членови од редот на наставниците - специјални едукатори и рехабилитатори, стручните соработници на училиштето, претставници од родителите и претставници од основачот.

Улогата и составот на Училишниот одбор  се дефинирани со закон.


Наставнички совет
  • ​​​Наставничкиот совет на основното училиште со ресурсен центар го сочинуваат одделенските и предметните наставници и стручните соработници на училиштето.
  • Како стручен орган на училиштето, Наставничкиот совет на  ОУРЦ „Иднина“ Скопје  има клучна улога во процесите на одговорност и подобрување на наставата  во нашето училиште. Наставничкиот совет работи со директорот за да им даде приоритет на најдобрите интереси на нашите ученици, да ги зајакнат можностите и способностите за образование според нивните способности. 
  • Наставничкиот совет се дава одлична можност да им помогнеме на сегашните и идните ученици на нашето училиште.

    „За светот ти можеби си само наставник, но за твоите ученици си ХЕРОЈ!“
     
Совет на одделенски наставници 
http://www.idnina.edu.mk/page-218852/nastaven-kadar  -
Совет на предметни наставници  
http://www.idnina.edu.mk/page-218852/nastaven-kadar
Совет на родители
  • Работата на советот на родителите во основното училиште со ресурсен центар е регулирано со член од Законот за основното образование и член од Статутот на училиштето. За организирано остварување на интересите на учениците во основното училиште од родителите на учениците се формира Совет на родители на училиштето. Во советот на родители има по еден претставник од секоја паралелка којшто го избираат родителите на родителскиот состанок на паралелката.
Стручен актив на наставници
  • Стручниот актив на наставниците го сочинуваат наставници -специјални едукатори и рехабилитатори кои предаваат ист предмет или подрачје. 
Стручен актив на стручни соработници
  • Стручниот актив на стручни соработници го сочинувваат стручните соработници од сите 3 одделенија кои функционираат во училиштето