Спортска секција

Една од најинтересните  секции за децата е спортската секција.
Целта која сакаме како училиште да ја постигнеме е кај децата да ја разбудиме желбата за спорт. Тука децата може да се запознаат со фудбалот, кошарката, тенисот. Поголема заинтересираност за спортот имаме кај поголемите деца, кои веќе се определуваат за одреден спорт следејќи ги нивните афинитети и можности.
Со практикувањето на спортот кај децата започнува да се буди свеста за движење кое е неодминлив дел од здравиот развој на секој човек, се учи коректно социјално однесување, сочуство кон нивните школски другари, љубовта кон спортот, тимскиот дух и соработката.Спортот исто така има и корективен карактер-корекција на деформитети,вежбање на движење,координација.
Нашето училиште има и свој регистриран спортски клуб којшто работи по своја програма и активности. Екипата од нашето училиште учествува на многубројни натпревари и освојува медали, дипломи пофалници, и пехари.