Примарни социјални вештини

Секција за развој на социјални вештини

Вежби за самостојност и самогрижа, облекување, самостојно јадење, практично мерење, практично готвење се дел од активностите на секцијата за развој на примарни социјални вештини. Основна цел на секцијата е да му помогнеме на секое дете да израсне во независна индивидуа како важен дел во нивното растење. Преку интересни и практични активности ќе учиме да се користат сите сетила , за мирис, вкус, допир, слух, да ја вежбаме моториката и ќе ги подобруваме комуникативните вештини.

Училишната средина е погодно место за развој и вежбање на социјалните вештини, каде се овозможува индивидуален и взаемен успех со другите во средината. Социјалните вештини ќе овозможат полесно вклучување на децата во социјалната и општествената средина.