Во секцијата членуваат ученици кои што имаат интерес за општествените науки, како и ученици кои во рамки на другите предмети изучуваат сродни содржини, и кои во тековниот период се истакнуваат со солиден успех и поведение. Во текот на учебната година се реализираат посети на значајни културно историски знаменитости и објекти од непосредната околина, а позначајните датуми се одбележуваат со реферат и пригодна програма. Се работи и на уредување на ѕидното катче. Програмата е флексибилна во зависност од тековни настани и добиени покани за посета на манифестации, временски услови неопходни за реализирање на активностите на отворен простор и слично.
Реализирани проекти:
- „Музејот-пријател на детето“;
- „Грнчарство“;
- „Ткаеното килимче“;
- „И јас знам што е тоа археологија“
- „Патувачки куфер“
- „Среќна баба Марта“
Партнери од локалната заедница:
- Музејот на македонската борба
- Археолошки музеј
- Музејот на Македонија
- ООУ „Аврам Писевски“
- ООУ„Јан Амос Коменски“
- ООУ„Вера Циривири Трена“
Постигнати резултати:
- Надополнување на стекнатите и усвојување на нови знаења;
- Развој и зацврстување на културни навики за однесување во музеите и на јавни места воопшто;
- Поттикнување на креативноста преку практични работилници;
- Навики и вештини за јавен настап преку учество на манифестации
- Социјална инклузија преку тематски работилници со ученици од редовни училишта