Наставата е посебно воспитно-образовно подрачје во програмската структура на посебното основно училиште. Таа претставува основна и најважна воспитно–образовна активност преку која учениците на најорганизиран и најцелесообразен начин го развиваат своето критичко мислење и се здобиваат со знаење, умеење, вештини и навики.
Наставата, истовремено, претставува предуслов, извор и поттик за остварување на задачите наменети за другите подрачја од програмската структура на посебното основно училиште. Наставата се организира и изведува како настава по наставни предмети. Часот на одделенскиот раководител, поради својата воспитна содржина, се вклучува во наставното воспитно-образовно подрачје. Секој елемент на наставното воспитно-образовно подрачје (наставата по предмети, факултативна) е квантитативно и содржински определен. Наставата квантитативно се определува со Наставен план, а содржински со Наставните програми.
Родителите на учениците на почетокот и на крајот на секоја учебна година се информираат за наставните предмети:
- подрачја кои нивните деца ги слушаат во учебната година,
- фондот на часови со кој се застапени,
- учебниците и наставните помагала кои се користат.
Во централното основно училиште наставата ќе се изведува на македонски јазик во македонски паралелки и на албански наставен јазик во албански паралелки. Во подрачните паралелки наставата ќе се изведува и во 5 основни училишта како комбинирани 5 паралелки во ученбата 2019/2020 година.