Психомоторна реедукација

Психомоторна реедукација (терапија со движења) е метод кој се применува во третманот на сите развојни нарушувања. Психомоторната реедукација е еден од начините за стимулирање на развојот на децата користејќи ги движењатa. Со движењата децата го откриваат светот околу нив, а истотака се пронаоѓаат и самите себеси. Секое движење е проследено со одреден збор, или поим.
Со индивидуална работа се поттикнува развој на сензорните, моторните способности со што на децата им се олеснува учењето. Секоја одредена активност е прилагодена на нивната возраст и расположението на децата. Движењата и играта се основните начини со кои се служиме да им помогнеме на децата да ги обноват, збогатат или усвојат сите пропуштени искуства за себе, за светот околу себе и другите.
 

Основни насоки во работата

Реедукативниот метод за работа се заснова врз научни сознанија кои нам ни ги обезбедува неуропсихологијата, исто така работата зависи и е нераздвоен дел и од дефектолошката опсервација и дијагностика.
Во психомоторната реедукација нема фиксни движења и вежби кои не смеат да се менуваат, туку само треба да ги следиме принципите на реедукација.
Помеѓу реедукаторот и ученикот мора да се оствари комуникација која е проследена со пријатен однос и разбирање. Секогаш започнуваме од она кое му е блиско и познато на детето, движењата ги користиме какви што се, колку што се усвоени и зачувани, секогаш ги следиме децата секое нивно ново искуство, секое сознание е проследено со збор, поим.

Цел

Целта е да се допринесе за отсранување или барем ублажување на специфичните потешкотии, или пореметувања во една или повеќе области од сензомоторниот развој и психомоторното однесување на ученикот со интелектуална попреченост и да им овозможи успешно учење и развој.

Задачи

Придонес во развојот и збогатување на сензомоторното искуство, развивање на способноста за забележување и подобро снаоѓање на ученикот во средината.
Развивање на моториката и моторните вештини како и прецизност во движењето, манипулирање и координирање на движењата, нивна контрола, брзина, точност и рамнотежа.
Развивање на говорот и јазикот и когнитивните функции.
Подготовка на ученикот и олеснување на нивното учење, почеток на читање, пишување и помош и олеснувње на останатите области од учењето.
 

Содржина на програмата за психомоторна реедукација

Содржната на психомоторната реедукација ги обединува општата дефектолошка дијагностика и сензомоторните вежби.
Сензомоторни вежби за деца кои не ги освоиле основното ниво во развојот ( нулта ниво ). Пред започнување со вежби мора да се утврди дали детето е хипер или хипо сензитивно за сите звучни стимулатори, дури потоа се врши избор на вежби.
1. Тактилни вежби
2. Визуелни вежби
3. Аудитивни вежби
4. Олфакторни и густативни вежби
5. Проприорецепција ( различни облици на движење, промена во положбата на телото, антигравитациони положби, разни притисоци на целата површина на телото)
6. Вестибуларни вежби, хипоталамус и амигдала ( различни облици на движење со и без употреба на реквизити, лулање, вртење, скокање, антигравитациона положба, разни видови на полигони и слично ).

Вежби
- Моторика ( груба и фина )
- Општи реедукација на психомоторика за да се почуствува телесна целина и телесна шема,координација на движење,латерализација на себе и на друг
- Координација на движењата за изедначување на тоничната напнатост и осамостојување на движењата, за забележување и препознавање на ритам
- Контрола на импулсивноста
- Процена на траењето и ориентација во времето
- Релаксација
ГАЛЕРИЈА