Продолжениот престој е наменет за децата кои не можат самостојно без придружба да одат дома или без надзор да останат во училиштето до доаѓањето на нивните родители.
Современиот брз начин на живот кај се повеќе родители ја наметнува потребата од згрижување на децата пред и после часови. Продолжениот дневен престој е еден од начините со кој може квалитетно и структурално да се реши овој проблем. Со ова им овозможуваме на самите деца правилен раст и развој.
Пред почетокот на часовите или по завршувањето на редовните часови , се во зависнот од потребата на самите родители, во нашето училиште има продолжен дневен престој од 7 :30 наутро па се до 15:30 часот.
Дефектолозите кои работат во дневен престој во договор со дефектолозите од редовната настава ги ускладуваат своите активности и имаат активна соработка со логопедот, социјалниот работник и психологот.
Исполнувањето на целите и развојот на клучните подрачја се остваруваат со усмерување на работата на содржините кои се составен дел од ИОП, како и другите содржини утврдени со Наставниот план и програма и мерките за поддршка на ученикот.
Времето предвидено за реализација на активностите се реализира во склад со целите кои ги има дневниот престој, имајќи во предвид возраст, здравствената состојба, терапијата и можностите на детето.
Предвидените програми во дневниот престој се реализираат најчесто во посебна просторија наменета за дневен престој, но и во останатите простории со кои располага нашето училиште, како простории за игра,просторија за психо-моторна реедукација, училишниот двор.
Просториите во кои учениците поминуваат поголем дел од денот се светли и големи, опремени се со аудиовизуелна опрема, дидактички средтсва, компјутери, како и гарнитури за пасивен одмор,како и различни дидактички материјали,реквизити за вежбање и играчки.
Учениците кои го користат дневниот престој имаат и соодветна исхрана, нега и стручен третман кој е овозможен од страна на дефектолозите, професор по Физичко и здравствено образование, неговател, професор по Музичко образование и стручни соработници.
За децата кои го користат дневниот престој нашето училиште има обезбедено и појадок, ужина и топол оброк-ручек. За да можат децата полесно да ги прифатат правилата за однесување, а да им се олесни и работата на наставниците имаме естетски опремена трпезарија.