„ТОА ШТО ДЕТЕТО МОЖЕ ДА ГО НАПРАВИ ДЕНЕС СО ПОМОШ,
ТОА ЌЕ МОЖЕ САМ ДА ГО НАПРАВИ ВО ИДНИНА„
Лав Виготски
Добредојдовте на официјалната веб страна на Посебното основното училиште „Иднина“ Скопје. Како директор на ПОУ„Иднина“ , се чувствувам пред се одговорно, истовремено среќно и гордо што работам со таков посветен и стручен кадар и ученици.
Мојата улога како директор е да се придржувам кон мисијата на училиштето за постигнувања на максималните можности за учење на секој ученик, индивидуална поддршка и ресурси следејќи ги најновите трендови и истражувања и да бидам активен партнер во професионалниот развој на училиштето.
Способноста да се биде иновативен и креативен е исклучително важна за мене.
Почитувам напорна работа и посакувам успеси на вработените и учениците.
Привилегија е да се работи со нашите ученици, вработени, родители, пријатели - соработници од локалната заедница за заеднички да го постигнеме најдоброто за учениците.
Мојата цел е остварување на нашата визија, односно негување на стимулативна, мултикултурна и безбедна средина која се стреми да понуди современи методи и техники за едукација и рехабилитација која што е ориентирана кон силните страни и индивидуалните потреби на учениците, во која што тие би го постигнале својот максимум за нивно активно партиципирање во општеството.
Родители , верувам дека вашата вклученост, активна соработка и поддршка е суштинска компонента за образовниот успех на вашето дете. Вашето учество во нашето училиште е потребно и многу ценето.
Почитувани, ве поканувам почесто да ја посетувате нашата веб - страница и да бидете во тек актуелните случувања во училиштето.
Со почит,
Лорета Андреевска
директор