Училишниот одбор на ОУРЦ „Иднина“ е највисокиот орган на управување во ОУРЦ „Иднина“, со улога во донесувањето на стратешки одлуки, согласно Законот за основно образование. Со училишниот одбор претседава член избран од редот на родителите.
Состав
Одборот се состои од претставници на различни засегнати страни, со цел обезбедување ефикасно и транспарентно управување:
- Наставен кадар – специјални едукатори и рехабилитатори.
- Стручни соработници – педагози, психолози, логопеди.
- Родители – избрани од Советот на родители.
- Основачот – претставници кои носат стратешки одлуки.
Надлежности
- Усвојување на годишната програма и развојни планови.
- Одлучување за финансирање и подобрување на условите.
- Надзор на спроведувањето на образовните политики.
- Учество во изборот и следењето на работата на директорот.
- Поттикнување на соработка со родителите и заедницата.
Значајност
Училишниот одбор игра клучна улога во унапредувањето на квалитетот на образовните услуги и создавањето инклузивна средина за учениците.
Наставничкиот совет на основното училиште со ресурсен центар го сочинуваат одделенските и предметните наставници и стручните соработници на училиштето.
Како стручен орган на училиштето, Наставничкиот совет на ОУРЦ „Иднина“ Скопје има клучна улога во процесите на одговорност и подобрување на наставата во нашето училиште. Наставничкиот совет работи со директорот за да им даде приоритет на најдобрите интереси на нашите ученици, да ги зајакнат можностите и способностите за образование според нивните способности.
Наставничкиот совет се дава одлична можност да им помогнеме на сегашните и идните ученици на нашето училиште.
„За светот ти можеби си само наставник, но за твоите ученици си ХЕРОЈ!“
Работата на советот на родителите во основното училиште со ресурсен центар е регулирано со член од Законот за основното образование и член од Статутот на училиштето. За организирано остварување на интересите на учениците во основното училиште од родителите на учениците се формира Совет на родители на училиштето. Во советот на родители има по еден претставник од секоја паралелка којшто го избираат родителите на родителскиот состанок на паралелката.
Стручниот актив на наставниците го сочинуваат наставници - специјални едукатори и рехабилитатори кои предаваат ист предмет или подрачје.
Стручниот актив на стручни соработници го сочинувваат стручните соработници од сите три одделенија кои функционираат во училиштето