Опсервација

Што е тоа опсервација?
Во светот не постојат двајца исти луѓе, дури и близнаците кои се идентични имаат многубројни разлики. Исто таква е состојбата меѓу децата, не постојат две исти деца. Секое дете си е посебно на свој начин, и секое дете на уникатен начин ртеагира на одредени задачи, стимуланси, проблеми и ситуации.

Затоа многу е важно да го запознаеме секое дете и да ги откриеме неговите потенцијали, токму поради оваа причина е многу важна опсервацијата, односно набљудувањето на децата во секојдневните слободни игри се со цел планот за активностите во иднина да се прилагоди на индивидуалните потреби на секое дете.

Опсервацијата е од особено значење кај децата со пречки со развојот. Тоа може да го објасниме низ следење на однесувањето на детето / ученикот, степенот на негово разбирање и конкретните реакции, како и разните типови на однесување. Дететктирање на секоја промена на однесување и споредување со облиците на однесување кои им претходеле, како и забележување на напредокот или регресиите во психофизичкото функционирање како битен предуслов за адекватна реакција.

Родителите/ старателите имаат многу важна улога во самата опсервација, со самиот чин на опсервација го запознаваме детето и ја постигнуваме целта да го откриеме неговиот потенцијал што ни е почетна основа на доброто индивидуално образование.