Окупационата терапија е вид на третман кој што е насочен да им помогне на лицата од сите возрасти кои што имаат функционално моторно, сензо-моторно, перцептивно, невропсихолошко и/или психо-социјално нарушување.
Оваа терапија им помага на лицата да го подобрат квалитетот на својот живот низ изведувањето на различни активности, да станат посамоуверени, да се справат во секојдневните ситуации, да ги изведуваат различните улоги во нивниот живот, доколку ја немаат или ја изгубиле способноста поради болест, повреда или хендикеп. Целта е да се постигне максимална самостојност и слобода во секојдневниот живот.
Окупационата терапија има за цел:
- Помош и адаптација во средината на живеење, семејството и работното место;
- Усмерување и задржување на вниманието;
- Подобрување на расположението;
- Поттикнување на комуникацијата;
- Поттикнување на самостојност;
- Поттикнување на самостојност и изведување на активности за грижа за себе во секојдневните активности;
- Увежбување на перцептивните функции;
- Увежбување на мануелната спретност;
- Поттикнување на расположението;
- Правилно менаџирање на стресот;
- Делува на психосоцијалните активности (преку социјални контакти остварени низ работа во група);
- Правилно менаџирање на слободното време (игра, спорт, хоби, интереси, социјализација);
- Помага за контрола и ослободување на неприкладни импулси;
- Помага за прифаќање на сопствениот идентитет на личноста.
Задачи на окупационата терапија:
- Работно-тераписка процена и анализа на изведувањето на секојдневните активности кои ги опфаќаат подрачјата на активности за грижа за себе, продуктивност и активности во слободното време;
- Работно-тераписка процена и анализа на сензомоторички, когнитивни и психосоцијални способности ;
- Работно-тераписка процена и анализа на работното и друштвено-културолошко опкружување во кое се одвиваат секојдневните активности;
- Воспоставување, одржување и/или модифицирање на изведувањето активности за грижата за себе (хранење, облекување, хигиена, бањање, функционална мобилност);
- Воспоставување, одржување и/или модифицирање на изведувањето на продуктивни активности( куќни активности, професионални улоги и задачи, грижа за другите, волонтирање);
- Воспоставување и одржување и/или модифицирање на изведувањето активности во слободното време( игра, хоби, одмор и рекреација);
- Воспоставување и одржување сензомоторички, когнитивни и психосоцијални компоненти, активности со употреба на различни терапевтски пристапи, методи и техники;
- Прилагодување на стамбеното, работното и друштвеното опкружување и способностите и потребите на поединците;
- Следење на исходот на окупационата терапија;
- Водење на документација за окупационата терапија;
- Планирање и изведување на истражувања за секојдневните активности, за унапредување на здравјето и квалитетот на животот .