Целта на Одделенскиот час/Животни вештини до VIодд. и Одделенски час VII-Ixодд. е да се поттикне социјалниот развој на ученикот, способноста за тимска работа и соработката меѓу учениците во одделението.
Овие часови се оддржуваат еднаш неделно и секој наставник во рамките на предвидените содржини, а во согласност со Програма ги креира содржините на овие часови спрема потребите на ученикот како единка и одделението како целина.
Часот со класниот раководител е базиран врз основа на тематски области според кои секој наставник е должен во согласност со возраста и индивидуалните способности а и потреби на учениците да ги прилагоди наставните единици кои ги интегрира во своите месечни планови.
Некои од содржините на класниот час се
- Безбедност на децата во сообраќајот
- Полицијата во служба на граѓаните
- Насилството како негативна друштвена појава
- Превенција и заштита на децата од опојни дроги и алкохол
- Безбедно користење на интернет и социјални мрежи
- Превенција и заштита на децата од трговија со луѓе
- Заштита од пожар
- Заштита од техничко технолошки опасности и природни непогоди