Одделението на стручни соработници за едукација и координација ги обезбедува следниве услуги: 
 
  • Избор, обезбедување и обука на образовни асистенти за поддршка на учењето на учениците, 
  • Поддршка и координација со инклузивните тимови од основните општински училишта и центрите за поддршка, 
  • Стручна поддршка на воспитно-образовниот кадар,
  • Стручна поддршка /обука и координација на воспитно-образовниот кадар од предучилишните установи за работа со деца со попреченост,
  • Обука/советување и координација на семејствата на лица со попреченост во образовниот систем на сите нивоа,
  • Ресурсни услуги во заедницата: консултативни услуги за сите чинители во инклузивното образование (единици на локална самоуправа, граѓански сектор, бизнис заедницата, меѓуопштински центри за социјална работа, здравствени установи и сл.),
  • Обезбедување поддршка во изработка на дидактички и наставни материјали,
  • Обезбедување, координација и асистенција на превоз на ученици со посебни образовни потреби. 
За повеќе информации за начинот на остварување соработка и обезбедување услуги за поддршка на инклузивниот процес погледнете го Упатството на линкот во продолжение.